Премиерот Груевски во официјална посета на Хрватска

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Република Хрватска.

За време на престојот ќе има тет-а-тет средба со неговиот домаќин, хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, по што ќе следат официјални разговори – пленарен состанок на делегациите на Република Македонија и Република Хрватска.

Според програмата, попладне премиерот Груевски ќе има средби со хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ и со претседателот на Собранието на Хрватска Јосип Леко.

Предвидена е и средба со претставници на Заедницата на Македонци во Република Хрватска.

Македонија и Хрватска имаат одлични пријателски односи. Хрватска е силен поддржувач на евроинтегративните процеси на Република Македонија. Отворени прашања меѓу двете земји не постојат.

Во делот на економската соработка има добра основа за нејзино продлабочување особено во земјоделството, преработувачката индустрија и туризмот. Постојат повеќе успешни примери на хрватски инвестиции во Македонија.

Трговската размена меѓу двете земји минатата година изнесувала 220 милиони долари, а во првите четири месеци од годинава 65 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски