Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека поради симулациска вежба во итна ситуација–земјотрес насловена како „Хуманитарен одговор 2023“ во организација на Црвен Крст на РСМ и под покровителство на Претседателот на државата во Градски парк Скопје, утре во периодот од 9 до 14 часот ќе бидат затворени за сообраќај бул.„Илинден“ од крстосница со бул. „Св. Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Франклин Рузвелт“ и од крстосница со ул.„Бледски договор“ до крстосница со ул.„Никола Тесла“, ул.„Наум Наумовски Борче“, во продолжение ул.„Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ до крстосница со ул.„Ленинова“ (ул.„Аминта 3-ти)“, ул.„Ристо Шишков“ од крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“ до крстосница со ул.„Ленинова“, сообраќајниците околу градски стадион Тодор Проески и бул.„8-ми Септември“ од крстосница со бул.„Илинден“ до сервисна улица за влез во х.Александар Палас.

„Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Голема антитерористичка акција во Албанија, опколено е цело село од бројни полициски сили

Најмалку 120 лица повредени во антивладините протести во Мексико Сити

Посебен режим на сообраќај на градските гробишта Бутел поради задушница

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје поради атлетска трка

МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера

Горан Наумовски

Октоберфест е затворен од полицијата