Украина ги напаѓа руските аеродроми и воената опрема

Од:

Украинските сили извршија успешни напади во текот на ноќта врз аеродроми и опрема во близина на градовите Луганск и Бердјанск на територијата контролирана од руските сили, соопшти украинската војска.

„Вооружените сили на Украина извршија добро насочени напади врз непријателски аеродроми и хеликоптери во близина на привремено окупираните Луганск и Бердјанск“, се вели во објавата на Телеграм од одделот за комуникации на украинската војска.

Владимир Рогов, руски официјален претставник во деловите под контрола на Москва во регионот Запорожје во југоисточна Украина, рече дека нападите врз Бердјанск не биле успешни. „Според прелиминарните информации, нашиот систем за противвоздушна одбрана успешно пресретнал непријателски ракети“, изјави Рогов nа Телеграм. Проценките за жртви и можни штети се во тек.

Бердјанск е пристанишен град во Запорожје на северниот брег на Азовското Море, кое е поврзано со Црното Море. Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите. Засега нема коментар од Москва.

Би можело да ве интересира

Британските разузнавачи за руското влијание: Нашата безбедност е загрозена

Предраг Петровиќ

Уништена „Црна вдовица“

Предраг Петровиќ

Шолц му вети на Зеленски продолжување на воената помош

ВИДЕО: Голем пожар во складише за нафта во областа Ростов по украински напад со дронови

ВИДЕО: Нов напад на Киев, остатоци од руски дрон паднаа на детска клиника

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели