Бибер: Антиквизацијата е на штета на Македонија, а во корист на Грција

Од:

Македонија изгуби пријатели внатре во Европската Унија поради процесот на антиквизација и провокациите, вели за А1 професорот на Југоистично европските студии на Универзитетот во Грац,  Флоријан  Бибер.

-Кога зборувам со луѓе од министерствата за надворешни работи или со луѓе од Европската Унија тие честопати велат „ Разбираме дека Македонија има повеќе права во конфликтот со Грција, но што тие сега работат, тие постојано  ја провоцираат Грција и ние не разбираме зошто тие го прават тоа. Разбираме дека чекаат 15 години и оти ништо не се случи“.  Не е паметно мала држава на таков начин да го засилува отпорот кон Грција. И тоа многу луѓе во Европската Унија не го разбираат. Тоа го сфаќаат како влошување на проблемот. Ова оди во корист на Грција, а не во корист на Македонија, бидејки Грција може да живее со оваа статус кво ситуација“ вели Бибер.

Процесот на антиквизација е вештачки и проблематичен  вели професорот Бибер.

-Сметам дека е ова многу опасен процес и не е паметно за една влада да си игра со тоа. Јас прашањето на минатото би го оставил на историчарите.Не е на политичарите да се занимаваат со тие прашања.Тоа никогаш не е добра идеја. Јас мислам дека се вложуваат многу пари и енергија во нешто што е непотребно и води во правец кој е бескорисен и со одредени опасности. Дали процесот на антиквизацијата е многу опасен за Македонија? Јас мислам дека е, рече Бибер.

Излез од кризата помеѓу Македонија и Грција е многу тешко да се најде и единствен начин да се дојде до решение е поголемите членки на Европската Унија да извршат притисок врз Грција додава професорот Бибер.

-Според мене идејата преку преговори да се реши тој проблем е нереален, затоа што преговорите функционираат секогаш кога и двете страни имаат интерес за решение. Јас прашувам кој е интересот на Грција за решение? Ако го гледате успешниот дијалог помеѓу Србија и Косово, тој беше успешен само затоа што ЕУ им понуди на двете држави нешто, а особено на Србија. Зошто Србија прифати промена на статус кво ситуацијата?  Прифати затоа што добија нешто. Зошто Грција би прифатила нешто што не е во нивни интерес?Статус кво ситуацијата им одговара најмногу на нив“ вели Бибер.

 Мики Трајковски

 

 

Би можело да ве интересира

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Го претепа кучето со метална шипка по глава само затоа што извршило нужда пред капијата

Предраг Петровиќ

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

Намалена видливост поради магла од 80 до 100 метри на планинските превои Стража, Маврово, Плетвар и Ѓавато

Попов: Со новиот буџет има повеќе пари за повисок младински стандард

Алијанса за Албанците: Директорот Мемеди призна дека продолжува да го загрозува здравјето на децата во клиниката