Полска ќе добие нова влада, покажуваат првите резултати од излезните анкети

Од:

Опозицискиот блок ПРОЕВРОПА во Полска вечерва на парламентарните избори, според излезните анкети, освои мнозинство, а доколку биде потврдено, владејачката националистичка партија ПиС нема да освои трет мандат.

Трите опозициски партии од центарот, Граѓанската коалиција (КО), Третиот пат (Христијанско-демократи) и Левица освоија 248 места во парламентот од 460, додека ПиС и нејзиниот сојузник Конфедерацијата (екстремно десничарски) имаат 212 места.

„Не е јасно дека денешните изборни резултати во Полска ќе завршат со нов мандат на владејачката партија Право и правда (ПиС)“, рече нејзиниот лидер Јарослав Качински.

Лидерот на КО, поранешниот премиер Доналд Туск вечерва изјави дека победи демократијата и дека ПиС ќе ја напушти власта.

„Никогаш не сум бил толку среќен како денес со второто место. Победи демократијата. Го тргнавме ПиС од власт“, ​​рече Туск.

Во својата прва изјава, Славомир Менцен, лидерот на Конфедерацијата, рече дека резултатите на неговата партија се под очекувањата, бидејќи добила само 6,2 отсто.

Би можело да ве интересира

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Полското обвинителство обвини Украинец за шпионажа за Русија

Тешка сообраќајка во Полска, загинаа две момчиња

Горан Наумовски

Сикорски: Мора да се подготвиме за уште една руска агресија до 2030 година

Во Полска пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани