(ВИДЕО) Страотна несреќа во Србија: Загина таткото, ќерката во кома

Од:

48-годишен маж загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила во Србија. Неговата ќерка која го возела автомобилот е во кома јавуваат српските медиуми.

Како што пренесува „Блиц“, таткото бил совозач, а и дозволил на ќерката која немала положено возачки испит да го вози автомобилот кога се враќале од свадба.

18-годишната девојка која возела без дозвола и излетала од патот, била примена во Клиничкиот центар во Белград со повреди на главата и градниот кош, пренесува „Блиц“.

„Поради повреда на главата е префрлена во Белград. Таа има и повреда на градниот кош, велат извори од болницата за Блиц.

Несреќата се случила на патот Богатиќ – Црна Бара кога од засега неутврдени причини автомобилот излетал од патот и удрил во дрво во кривина. Мажот починал на лице место.

Обвинителството нареди обдукција.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор