Репрезентацијата на Хрватска по две продолженија ја совлада Грција и не и дозволи да се надева на влез во четвртфиналето на Европското првенство во кошарка кое се одржува во Словенија.
Со оваа победа, Хрватите си го обезбедија првото место во групата во втората фаза на шампионатот.
Конечниот резултат на натпреварот одигран попладнево во Љубљана беше 92:88. По четвртини 16:17; 20:17; 15:16 и 19:20, а во двете продолженија од по пет минути „коцкестите“ постигнаа 22, а примија 18 поени.
Во групата Ф вечерва се играат уште два натпревара: Италија – Шпанија и Финска – Словенија.
Табела: Хрватска 9 бодови(5 натпревари), Словенија 7(4), Шпанија 6(4), Италија 6(4), Грција 6(5) и Финска 5(4).
Првите четирипласирани селекции за влез во полуфиналето ќе вкрстат со четирите најдобри од Е групата, а тоа се Србија, Литванија, Франција и Украина.