Салехи: Можно е брзо решение на спорот со МААЕ и Западот

Од:

Шефот на иранската агенција за атомска енергија Али Акбар Салехи е оптимист за решавање на спорот со Западот околу нуклеарната програма на Техеран, пренесува Танјуг.

– Лично (иранскиот) претседател Хасан Рохани, шефот на дипломатијата Мохамад Џавад Зариф и јас, како преговарачки тим од нашата земја, сосредоточени сме да подадеме рака за соработка и што поскоро да дојдемо до решение со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и Западот, рече Салехи во изјава за австриската агенција АПА во Виена.

Салехи изјави дека ако спротивната страна ја прифати оваа понуда и ги награди напорите на Иран, тогаш спорот околу нуклеарната програма ќе биде многу брзо решен.

Западните земји го обвинуваат Иран дека неговата нуклеарна програма има воена димензија, но Техеран ги отфрла овие обвинувања и тврди дека развива своја нуклеарна програма за мирновременски цели, како што се производството на електрична енергија и лекување на канцер.

Иран и МААЕ меѓусебно се обвинуваат за одложување на постигнувањето договор за инспекцијата на оружје. Десетте рунди преговори во последните две години не доведоа до договор, а двете страни повторно ќе се сретнат на 27 септември.

– Меѓународната агенција за атомска енергија не може да потврди дека Иран употребува нуклеарни материјали само за мирновременски цели, изјави генералниот директор Јукија Амано, кој денеска беше реизбран на функцијата за мандат од уште четири години на годишната генерална конференција на агенцијата, пренесе ИТАР-ТАСС.

Според него, Агенцијата продолжува со проверката на непријавените нуклеарни материјали согласно спогодбата за гаранции, но Иран не покажува неопходна соработка за да може да се потврди отсуството на непријавени нуклеарни материјали и активности.

– Затоа МААЕ не може да направи заклучок дека сите нуклеарни материјали се употребуваат за мирновременски цели, потенцира тој.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он