Српскиот фудбалски тренер Владимир Јовановиќ повеќе не е на кормилото на естонскиот футсал тим Смсрах од Вијмса.
Како што пренесува РИА Новости, тој добил отказ поради тоа што јавно му го честитал роденденот на претседателот на Русија Владимир Путин.
Директорот на Смрсах, Андреј Головин, рече дека Јовановиќ е отпуштен „поради несоодветно однесување“ и дека „со разбирање ја прифатил одлуката“.
Јовановиќ по тој повод даде изјава.
„Ги почитувам сите, но никој на планетава не може да ми кажува како да размислувам. Тоа се вика слобода на говор, тоа е демократија. Жал ми е што го имав ова горчливо искуство на таа тема“, рече Јовановиќ.
Во честитката до претседателот на Русија, српскиот селектор напиша:
„Живеј долго, имењаку. Србите и Русите, браќа засекогаш“.