Се зголемува бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се во и околу загрозените подрачја во Израел, велат од МНР

Од:

Министерството за надворешни работи преку соопштение извести дека министерот Бујар Османи, му изразил сочувство на својот колега, Министерот Ели Коен за жртвите и последиците. Тој ги осудил континуираните напад врз Израел, кои започнаа со вчерашниот напад од страна на Хамас.

„Османи го реафирмираше ставот на Министерството, за итно ослободување на сите цивили кои се држат во заложништво од страна на Хамас, како и итно прекинување на било какви насилни дејствија врз Израел. Со оглед на влошената безбедносна состојба, утрово Министерот за надворешни работи, Бујар Османи по итна постапка оформи кризен штаб во рамките на Министерството, чија задача е да ги следи, координира и систематизира сите постапки поврзани со нашите државјани кои се наоѓаат во и околу загрозените подрачја, и на кои им биде потребна помош или асистенција за нивно безбедно евакуирање“, соопшти МНР.

Според информациите на Амбасадата во Тел Авив, како и според јавувањата на СОС телефонот во Министерството за надворешни работи во Скопје, во Израел и на Западниот Брег постојано се зголемува бројот на наши државјани кои се пријавуваат дека се затечени во и околу загрозените подрачја.

„Со сите пријавени наши државјани се одржува постојан контакт од страна на Амбасадата, при што се преземаат подготвителни мерки за евентуална асистенција за нивната безбедна евакуација. Покрај активностите на амбасадата во Израел, утрово е испратена итна инструкција до дипломатската мрежа на Република Северна Македонија во околните земји, за нивна посебна подготовка за евентуални активности и нивна 24 часовна достапност како за централата во Скопје, така и за евентуалната комуникација со граѓаните. Дипломатската мрежа е во контакт и со колегите од дипломатските претставништва на пријателските земји, кои исто така се во подготовка за организирана асистенција на затекнатите граѓани во и околу загрозените подрачја“, велат од Министерството за надворешни работи.

Од МНР ги повикуваат нашите граѓани кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел, како и да се пријават во амбасадата во Тел Авив или на дежурните телефони во централата во Скопје.

„Подетални информации околу актуелните состојби можат да се најдат на следната веб страница: https://www.oref.org.il/12481-en/Pakar.aspx
За повеќе информации, на располагање се СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378“, посочуваат од МНР.

Би можело да ве интересира

Сирски: Ситуацијата е „тешка“ поради главната офанзива на Русија

Горан Наумовски

Орбан: Во Брисел во тек се подготовки за влез на Европа во војната

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

A1on

Кличко повторно жестоко го критикуваше Зеленски: „Војната е изговор за централизација на Украина“

А1он

Ердоган: Замижуваат пред масакрите, западните земји паднаа на тестот во Газа, го изгубија кредибилитетот

А1он