Вучиќ: Нема да го екстрадираме Радоичиќ

Од:

Белград не го признава Косово и не може да го екстрадира во Приштина лицето одговорно за организирање паравоена група на северот на Косово, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за Sky News, негирајќи дека има улога во неодамнешното насилство, а косовскиот премиер за истиот медиум изјави дека Србија се обиде да предизвика војна.

Во интервју за вестите на Скај, кое денеска го пренесуваат и белградските и косовските медиуми на српски јазик, Вучиќ рече дека „секогаш е полесно да се обвини Белград“ за тврдењата на Приштина дека Белград наводно планирал акција на паравоена група во селото Бањска во северот на Косово.

„Кој ќе поверува дека тоа е всушност нешто различно, речиси никој“, рече Вучиќ, инсистирајќи дека и косовската полиција (КП) користи оружје произведено во Србија, но дека Србија не им го продавала. Белград не може да го екстрадира во Приштина поранешниот потпретседател на Српската листа, Милан Радоичиќ, кој призна дека организирал паравоена група, бидејќи Белград не го признава Косово.

Милан Радоичиќ, ја презеде одговорноста за организирање паравоена група на северот на Косово која се судри со косовската полиција, што заврши во смртта на полицаец и тројца Срби во село Бањска. По конфликтот, Радоичиќ поднесе оставка од функцијата во Српската листа и негираше какво било учество на српската држава во нападот и конфликтот.

Вучиќ е убеден дека лесно се наоѓа оружје и тоа не само на црниот пазар. Осврнувајќи се на изјавата на Радоичиќ во предистражната постапка што против него ја покрена српското правосудство по конфликтот на северот на Косово, Вучиќ ја наведе неговата изјава дека „купил нешто во Србија, нешто во Хрватска, нешто во БиХ“.

Сега ќе провериме“, рече Вучиќ. Српскиот претседател потврдно одговори на прашањето дали Радоичиќ е негов близок соработник, потсетувајќи дека тој бил потпретседател на Српската листа, која го поддржува официјален Белград. Сепак, Вучиќ инсистираше дека не може да каже дека Радоичиќ му е пријател.

Српските правосудни органи го обвинуваат Радоичиќ дека од јануари набавил оружје, муниција и експлозиви од Тузла, ги однел на територијата на Белград, а потоа ги складирал на Косово. Во меѓувреме, властите на БиХ негираа дека оружјето било купено во Тузла.

И косовскиот премиер Албин Курти даде интервју за Sky News и ги повтори обвинувањата дека Србија се обидела да предизвика војна, но не успеала во тоа. Курти рече дека Србите, кои се судрија со косовската полиција во Бањска, се од групите Северна бригада и Цивилна заштита, а водач им е Милан Радоичиќ, кого го нарече „малиот Пригожин“.

Косовскиот премиер во интервјуто повтори дека побарал од Белград да го екстрадира Радоичиќ во Приштина и дека од меѓународната заедница бара безбедност за Косово, а за Србија осуда и санкции. Понатаму, Курти за Вучиќ рече дека тој е „озлогласен автократ“ и тврди дека е „невозможно“ да се изврши нападот во Бањска без да знае Вучиќ за тоа, објави порталот Косев.

Би можело да ве интересира

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

Вучиќ: Ако е загрозена безбедноста на Москва, Путин нема да се двоуми, ќе употреби нуклеарно оружје

А1он

Вучиќ за трагедијата во Нови Сад: Утре нови оставки од Владата, како и од други места

А1он

Вучиќ: Не го советував Весиќ да поднесе оставка, но покажа човечка одговорност

А1он

Вучиќ очекува извинување од Пицула како предуслов да дојде во Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Србија е сцена на хибридна војна на странски служби

А1он