Одбележан Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка

Од:

Македонија денеска го одбележa 16 Септември – Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка. На манифестацијата, што се одржa во собраниската сала на Град Скопје, се обратија министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми и скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

– Нашиот пат во заштитата на озонската обвивка е трасиран пред 16 години со формирањето на Канцеларијата на озонската обвивка во Министерството за животна средина и просторно планирање. Како резултат на нејзиното постоење елиминирана е 99 отсто од потрошувачката на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка во Македонија, рече Адеми.

Тој информира дека интензивно се работи на редукција на групата на ХЦФЦ соединенија кај директно засегнатите чинители, сервисерите на разладни уреди, се организираат обуки на професорите од средните стручни училишта каде процесите на ладење се дел од наствната програма. Обезбедена е и опрема за собирање и рециклирање на разладните средства, која ќе им биде доделена на сервисерите кои се обучени на добри практики во сервисирањето на разладни уреди.

Трајановски смета дека Македонија има завидни резултати во намалувањето на штетните влијанија врз озонската обвивка преку сите активности што ги презема Министерството за животна средина и просторно планирање, преку носење правни акти и правилници, изготвување брошури, обуки…

– Граѓаните при изведбата на објектите да применуваат современи разладни системи со што ќе се надминат проблемите со актуелните начини на ладење, дел од кои се многу ефектно регистрирани од учесниците на конкурсот, рече Трајановски.

Во рамки на манифестацијата беа доделени и наградите за најдобри фотографии од конкурсот на тема „Заштита на озонската обвивка“. Прво место освои Снежана Домазетовска, второ Љупчо Илиевски, а трето Ангел Ситновски.

Со резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации, 16 септември е прогласен за Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош