(ВИДЕО) Детали за бруталното ракетирање на истокот на Украина: Сите мртви се цивили

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека над 50 лица загинале, а шест се повредени во руски ракетен истрел врз село на истокот на Украина. Проектилот целосно уништил кафуле во селото Хроза во близина на градот Купјанск во областа Харков. Селото се наоѓа на околу 20 километри од бојното поле.

Во моментот на нападот, во кафулето се одржувала панихида за неодамна починатиот локалец, соопшти украинскиот министер за внатрешни работи.

Според последните информации, бројот на жртви е зголемен на 55.

Во нападот загина и шестгодишно момче, а рането е и шестгодишно девојче. Зеленски го опиша масакрот како „брутално и намерно руско злосторство“. Нападот го осудија ОН, Европската унија, Велика Британија и Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Британските разузнавачи за руското влијание: Нашата безбедност е загрозена

Предраг Петровиќ

Уништена „Црна вдовица“

Предраг Петровиќ

Шолц му вети на Зеленски продолжување на воената помош

ВИДЕО: Голем пожар во складише за нафта во областа Ростов по украински напад со дронови

ВИДЕО: Нов напад на Киев, остатоци од руски дрон паднаа на детска клиника

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели