Гевгеличани задоволни од услугите на новата автобуска станица

Од:

Услугите во меѓуопштинскиот сообраќај на новата автобуска станица во Гевгелија за само еден месец од пуштањето во употреба ги искористиле 1.835 патници.

Од автобуската станица информираа дека толку патници патувале со шесте линии на релација Гевгелија-Скопје, што ја одржува скопската фирма „Руле Турс“, потоа со трите линии на гевгелиски „Трансбалкан“ за Струмица и Битола, како и со уште една линија до Скопје што ја одржува „Амиго“ од Гевгелија.

Во анкетата што ја спроведе општина Гевгелија, 69 отсто од анкетираните граѓани изразиле задоволство од услугите на новата автобуска станица во Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно

38-годишен маж од Гевгелија е пронајден мртов во семејниот дом

Во сообраќајка кај Гевгелија загина 19-годишник

А1он

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло