Претседателот на Иран, Хасан Рохани изјави дека неговата држава ќе ја прифати секоја власт во Сирија, доколку тоа го избере сирискиот народ.
Неговата изјава е поинаква од коментарите на другите ирански лидери, кои истакнаа дека Иран му дава поддршка на својот сојузник, сирискиот претседател, Башар ал Асад.
Претседателските избори во Сирија се планирани за 2014 година, но речиси никој не верува дека воопшто може да се одржат, додека во државата се трае граѓанска војна.
Елена Георгиевска