Лицата без државјанство ќе ги добијат своите основни права: Донесени потребните законски измени

Од:

Во Собранието се донесени измени на законите за престојувалиште и живеалиште и за лична карта со кои се решава бездржавјанството во Македонија.

Новините предвидени со Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните и со Законот за личната карта се од посебно значење за граѓаните кои се засегнати со овие проблеми, а за кои Комисијата за политички систем организираше и надзорна расправа во февруари годинава, кога беа донесени заклучоци со кои Собранието ја има надзорната улога за имплементацијата на Законот за матичната евиденција.

Со тоа се пројави потреба и за интервенција во одредени одредби во законите за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните и за личната карта за да се заокружи процесот на решавање на проблемот со бездржавјанството, така што ќе се стави крај на бездржавјанството во Македонија и ќе се решат основните човекови права на околу 700 лица, колку што беа детектирани во нашата држава.

На овој начин, овие неевидентирани лица – т.н. фантоми сега ќе можат да ги остварат своите основни човекови права, со што Македонија ќе биде прва во Европа и во светот која го има решено статусот на бездржавјанството.

Донесените интервенции во посочените закони се гаранција дека во земјава нема да се повтори ситуација со лица без државјанство, затоа што системски е решено секое дете родено на територијата на Македонија да биде запишано согласно членот 4а од Законот за матична евиденција.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Огромен е бројот на турски граѓани кои немаат одговор за добивање на државјанство по основ на потекло

МВР: Државни службеници незаконски издавале македонски изводи на странци

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

И покрај реформите, за германски пасош се чека и по една година

A1on

Албанците од Косово, Македонија и Црна Гора нема да полагаат познавање на албанскиот јазик при добивање државјанство

Шкриељ: Го решивме долгогодишниот проблем на лицата без документи