„Сакам да работам до партиите“: „Вашите кампањи против игрите на среќа се против 10 илјади вработени, кои можеби заедно со своите семејства на избори гласале и за вас!“

Од:

Земајќи предвид дека како што наближуваат избори, политичките партии почнуваат да се борат за нови гласови, притоа занимавајќи се и со игрите на среќа, сметаме дека како Здружение на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“, треба да го истакнеме следното:

Игрите на среќа во Македонија се изведуваат согласно позитивните законски прописи, претставуваат една од внатрешно најстрого регулираните економски дејности споредено со сите земји на Балканскиот полуостров. Приредувачите на игри на среќа вработуваат 10 илјади луѓе, што вкупно ги прави најголем приватен работодавец во државата. Во државниот Буџет секоја година се слеваат 280 милиони евра по основ на даноци и друг тип на давачки. Истовремено, околу 54 илјади луѓе директно, а околу 100 илјади луѓе вработени во други дејности, остваруваат бенефит од индустријата игри на среќа.

За негативните чувства кон обложувалниците, автомат клубовите и казината, меѓу другото се виновни и политичките партии. Иако гласаат закони кои ја регулираат оваа дејност, не се воздржуваат да дадат свој придонес во обвинувањата дека од игрите на среќа е најзагрозена младината, тогаш кога ваквите критики сметаат дека ќе им носат гласови. Фактите и социолошките науки упатуваат дека младите својот потенцијал за зависност го создаваат многу повеќе од семејните прилики отколку од рекламите. Доколку се точни тврдењата дека излозите на објектите за приредување игри на среќа ги привлекуваат младите и треба да се затворат, тогаш по истата логиката треба да се затворат сите тобака, ресторани, кафулиња, бидејќи им создаваат зависност од алкохол и никотин. Едноставно, вистината е дека на ниту еден приредувач на игри на среќа не му е во економски интерес да има невработени посетители.

Истовремено, сите истражувања укажуваат дека интернет игрите на среќа се поголем потенцијален ризик за младината заради полесната достапност. Учениците најмногу користат интернет и времето го минуваат на мобилни телефони. Затоа воопшто не ни е јасно зошто Државната лотарија влегува во една ваква авантура да организира интернет игри на среќа.

Нападите кон игрите на среќа се напади кон 10 илјади луѓе, кои можеби заедно со нивните семејства се и гласачи на одредени политички партии. Лесно е заради популизам една или повеќе политички партии да ветуваат дека ќе ги затворат игрите на среќа, но погледнете ги примерите од опкружувањето. Во октомври лани, албанската Влада соопшти дека после четири годишната забрана ги враќа игрите на среќа. Образложението на нивниот премиер е дека после забраната, игрите на среќа во Албанија почнале да се одвиваат на црно и дека повторното отворање на индустријата значително ќе и помогне на албанската економија. И во Грција беа забранети на игрите на среќа. Кога грчките власти видоа дека меѓу 3 до 5 илјади Грци само во еден ден играат во Гевгелија, во 2018 поставија 36 илјади апарати за игри на среќа за да спречат одлив на финансиски средства надвор од државата. А ако сакаме да зборуваме за Европски трендови, погледнете што се случи на почетокот на годината во Лихтенштајн. На 29 јануари, 72 проценти од жителите на Лихтенштајн на референдум со гласање „против“ ја отфрлија иницијативата за затворање на казината во Кнежевството.

Конечно, здружението на вработени во игри на среќа „Сакам да работам“ апелира до сите политички партии да се воздржуваат од злоупотребата на секторот игри на среќа во нивните дневно политички пресметки. Крајно време е да се земат предвид исклучително тешките последици кои можат да се предизвикаат. Секое погрешно законско решение ќе не принуди нас вработените кога ќе останеме без работа, да си го бараме чарето на запад, каде повторно ќе работиме во истата дејност. Државата ќе остане годишно без 280 милиони евра приходи во Буџетот и ќе треба да се занимава со игри на среќа кои ќе се одвиваат на црно, без лиценци и без никаква државна контрола. Не заборавајте, дека меѓу нас има и родители на малолетни деца, кои никогаш нема да прифатат дека работат во дејност која може ним да им наштети. Подготвени сме за вистината и правдата да се бориме со сите демократски средства кои ни стојат на располагање, вклучително и протести. Нема да дозволиме да бидеме земени за поткусурување во партиските кампањи. Политичките партии мора да разберат дека со досегашниот пристап кон игрите на среќа, работат и против себе и против домашната економија.

ПР текст

Би можело да ве интересира

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа?

ВИДЕО: Пандев, Лазаров и Стефановски веќе нема да рекламираат игри на среќа

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Лиценците за онлајн игрите на среќа се незаконски давани, без да бидат запазени процедурите

МВР: Кривични пријави за четири лица осомничени за „перење пари“ и „приредување на игри на среќа без лиценца”

Влада: Се укинуваат лиценците за интернет игри на среќа

„Сакам да работам“ за групата демонстранти во Струга: Се води неоснована хајка против игрите на среќа!

Предраг Петровиќ