Тринаесетгодишната Сушма Верме од Лухнау, главниот град на сојузната индиска држава Утар Прадеш, посетува мастер студии по микробиологија, благодарение на жртвувањето на своите родители кои што го продале својот имот од 930 квадратни метри, за околу 400 американски долари и платиле еден дел од партиципација за студиите.
Оваа малолетна генијалка се надева дека останатиот дел од школарината ќе го плати од донации.
Пркосејќи им на правилата за образование во државата таа вели дека со помош на жртвувањата на нејзините неуки родители, средното училиште го завршила на седумгодишна возраст, а основните студии на тринаесет.
Верме живее со родителите и нејзините браќа и сестри од дневната плата на нејзиниот татко градежен работник, која што изнесува околу 3.50 американски долари.
Елена Георгиевска