МВР извести дека вчера во 10.40 часот од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со тешки повреди била донесена Ч.М.(67) од Прилеп.
„При извршен службен разговор со полициски службеници, таа појаснила дека со повредите се здобила на 29.9.2023, при пад во внатрешноста на автобус, додека се превезувала како патник од Транспортниот центар кон блискиот трговски центар. Од страна на полициските службеници службен разговор бил извршен и со возачот на автобусот“, извести МВР.