Тројца тешко повредени во тепачка на свадба во Бјелина

Од:

Три лица се тешко повредени во тепачка на свадба во Бјелина, јавија денеска бањалучките медиуми.

Според информациите, две лица се избодени со нож, а третиот е претепан во тепачката што се случила доцна синоќа.

Повредените со возило на Брза помош се пренесени во болница, двајца се оперирани синоќа, а третиот утрово. Засега не се познати подетални информации за нивната моментална здравствена состојба.

Од полициската управа Бјелина соопштија дека кај нив била пријавена тепачка меѓу три лица и дека за се бил информиран дежурниот обвинител.

Би можело да ве интересира

Тројца осомничени за вчерашното убиство во Бања Лука

(ВИДЕО) После големиот грабеж во Бања Лука, полицијата го блокираше градот

Голем грабеж во Бања Лука, украдени се околу еден милион евра

Горан Наумовски

Заладување во регионот, снег во Загреб и Бања Лука

Маж од Бања Лука паднал во шахта и починал на лице место

А1он

Шестмина повредени во пожар на Клиниката за психијатрија во Бања Лука

Горан Наумовски