Пет лица се повредени откако руска ракета погоди село во јужна Украина, соопштија властите. Едно лице е пренесено во болница, а на другите им била укажана помош на лице место, изјави началникот на Воената управа на Запорожје.
„Денеска руската армија изврши два ракетни напади врз областа Матвијевка“, напиша Јуриј Малашко на Телеграма.
Пет згради и еден „критичeн инфраструктурен објект“ се оштетени во нападот, додаде тој.
Во моментот на нападот, ширум Украина беше издадено опширно предупредување за воздушен напад поради закана од балистички ракети.