Фудбалскиот клуб Барселона е под истрага поради сомневања за „активен поткуп“ на членовите на судиската комисија во изминатите две децении, објави денеска агенцијата Ројтерс.
Како што тврди Ројтерс, постои сомневање дека имало системска корупција од страна на Барселона, поради што е покрената истрага во рамките на која заедно со каталонскиот клуб ќе се проверува и документацијата на Шпанскиот фудбалски сојуз.
Сомнежите за системска корупција се појавија во март оваа година, кога беше откриено дека во претходните 17 години, Барселона платила 7,3 милиони евра на компаниите на Хозе Марија Енрикез Негреира, кој беше потпретседател на Судиската комисија на шпанската ФА од 1993 до 2018 година.