Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска ќе присуствува на отпочнувањето на проектот за изградба на нови и реконструкција на постоечките објекти во казнено-поправниот дом „Идризово“.
На настанот предвиден за 13 часот, најавено е присуството и на министерот за правда Блерим Беџети.