Советот на општина Гевгелија го усвои деталниот урбанистички план за „Блокот 10“, со што им излезе во пресрет на заинтересираните инвеститори за градење во населбата „Расадник“.
Со планот се урбанизира простор со површина од 56 хектари на кои се предвидени локации за станбени згради,мали и големи трговски центри,хотелски и угостителски капацитети, како и други придружни објекти и содржини.
Од општината информираа дека покрај овој, се очекува наскоро Советот да донесе уште неколку од вкупно 25-те урбанистички планови за градот Гевгелија, кои се во постапка и три за населените места Негорци,Прдејци и Мрзенци кои се ставени на јавна расправа.