Еден човек загина, а неговиот пријател е повреден за време на борба со бикови во источна Шпанија, соопштија властите.
Инцидентот се случил во градот Побла де Фарналс во регионот на Валенсија. Бикот удрил 61-годишен маж, кој бил пренесен во болница.
Иако итно бил опериран, тој почина од повредите. Истиот бик, познат како Косинеро или Готвачот, прободе друг маж. Во болница е пренесен и 63-годишен маж кој моментално е во стабилна состојба.
Смртта и повредите за време на борбите со бикови во Шпанија не се невообичаени.