Египетските безбедносни сили уапсија над 300 лица на границата со Појасот Газа

Од:

Во антитерористичка операција на египетските сили за безбедноста на Синајскиот полуостров беа уапсени 309 вооружени исламисти и уништени 154 тунели под границата со Појасот Газа, соопшти портпарол на армијата.

Според него египетските воени сили планираат проширување на операцијата и целосно искоренување на тероризмот на Синај, каде се aкативни екстремисти, непријателски настроени кон преодните египетски власти и Израел.

Преку разурнатите тунели во Египет од Појасот Газа, кој е под контрола на палестинското исламистичко движење Хамас, влегувале платеници и била вршена достава на оружје.

Преодните египетски власти претходно го обвинија Хамас дека обучува терористи што вршат смртоносни напади врз безбедносните сили на Синајскиот полуостров, што граничи со Газа и Израел. Палестинското исламистичко движење ги отфрли ваквите обвиненија.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро