Новата албанска влада, која вчера доцна попладне беше изгласана во парламентот, а потоа даде заклетва пред шефот на државата, Бујар Нишани, синоќа ја одржа првата своја седница.
На седницата, која беше одржана без присуство на новинари, донесени се три значајни одлуки.
Социјалистичката влада, предводена од премиерот Еди Рама одлучи од државните институции да се тргне портретот на претседателот на државата и во иднина да стои портретот на основачот на албанската држава, Исмаил Ќемали.
Владата го донесе и законот за министерската етика, како и одлука за стопирање на увоз на отпад во Албанија.