Речиси 100 мртви и стотици ранети во Нагорно Карабах

Од:

Поранешен лидер на Ерменците во Нагорно-Карабах изјави дека речиси 100 луѓе се убиени, а стотици се повредени денеска откако Азербејџан започна операција против ерменските сепаратистички власти.

„Ова е голема војна. Азербејџан започна целосна операција“, изјави Рубен Вардањан, поранешен водач на отцепениот регион, за Ројтерс од Нагорно-Карабах.

Тој посочи дека азербејџанските сили ја продолжиле воената операција во текот на ноќта и во средата.

„Стотици луѓе се веќе повредени, а близу 100 луѓе се убиени. Тие всушност ни велат дека треба да заминеме и да не останеме овде, или да прифатиме дека ова е дел од Азербејџан. Ова е во основа типична операција за етничко чистење и војна во која сега умираат многу цивили“, додаде тој.

Баку ги отфрла обвинувањата дека негова цел е етничко чистење на Нагорно-Карабах и вели дека ќе ги заштити правата на ерменските цивили во таа област во согласност со својот устав. Сепак, тој вели дека е решен да ја отстрани политичката и воената структура на отцепениот регион.

Би можело да ве интересира

Се зголемува бројот на жртвите од експлозијата во складиштето за гориво во Нагорно Карабах

Потпишан декрет: Нагорно Карабах престанува да постои

Горан Наумовски

Во Нагорно Карабах загинаа 192 азербејџански војници, ранети се 511

Продолжува егзодусот од Нагорно Карабах, над 13.000 бегалци пристигнаа во Ерменија

Најмалку 20 загинати во голема експлозија во Нагорно Карабах

Се пука во главниот град на Нагорно Карабах, мировните преговори траеја многу кратко

Горан Наумовски