Општина Аеродром ја одбележува Европската недела на мобилност

Од:

Со објавување на повикот за доделување субвенции за електрични тротинети и велосипеди, како и низа активности во детските градинки и основни училишта, Општина Аеродром е една од шесте општини од Македонија кои се вклучија во одбележување на Европската недела на мобилност, која традиционално се одбележува секоја година во текот на септември. Целта на годинешното одбележување на Европската недела на мобилност е полесно и подлабоко да се разбере културата на одржливост и мобилност со активности кои се организираат во повеќе од 3.500 општини и градови во светот, поттикнувајќи ги луѓето да пешачат, користат велосипеди и јавен транспорт.

Изминатите неколку денови во детските градинки и основните училишта, дечињата зедоа учество во различни активности кои имаа цел да го подигнат знаењето и свеста за алтернативните начини на превоз и зачувување на животната средина. Овие активности продолжуваат и во текот на денешниот и следните денови. Во рамки на Европската недела на мобилност традиционално секоја година се организира Светскиот ден без автомобили, во чии рамки ќе биде организирано и велосипедско дефиле во Општина Аеродром.

Подигнувањето на свеста и одржувањето на здрава и чиста животна средина е високо во приоритетите на Општина Аеродром, а токму проектот „Смарт Аеродром“ кој го најавивме пред неколку месеци има цел да поттикне поголема мобилност и употреба на велосипедите, електричните тротинети и јавниот превоз. Паралелно со ова, а во насока на зачувување на чистата и здрава животна средина, Општина Аеродром во континуитет врши замена на постојните со фасади со енергетска ефикасност во училиштата и детските градинки и веќе втора година по ред се имплементира проектот „Clean AirDrom“, поддржан од Европската унија кој има за цел да воспостави систем за примарна селекција на отпадот во Аеродром.

Би можело да ве интересира

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

Трагедијата во Кочани ги покрена градоначалниците: контроли во угостителски објекти, проверка на училишта и градинки

Катерина Ѓуровски