(ВИДЕО) Во Грција: Жена падна во морето додека се качуваше на брод, луѓе веднаш скокнаа по неа

Од:

Во понеделникот вистинска драма се одвивала во пристаништето Тинос (Грција), кога една постара жена падна во морето додека се качуваше на брод. Според грчките медиуми, во понеделникот нешто пред 15 часот, жената изгубила рамнотежа и паднала во водата, најверојатно поради силниот ветер.

Чуварот на пристаништето и персоналот на бродот веднаш скокнале во морето и со помош на појас за спасување успеале да ја вратат жената на копно по неколку минути. Таа била пренесена на преглед во здравствениот дом, додека бродот продолжил кон следното пристаниште.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната