Пронајдени се остатоци од исчезнатиот „невидлив“ американски авион

Од:

Американските воени претставници ги пронајдоа остатоците од воениот авион Ф-35 кој исчезна вчера попладне откако пилотот се катапултираше над Јужна Каролина.

Властите соопштија дека ги откриле остатоците од авионот вреден 100 милиони долари во руралниот округ Вилијамсбург, североисточно од базата Чарлстон.

Пилотот се катапултирал од пилотската кабина и паднал со падобран на безбедно во населбата Северен Чарлстон. Засега не е познато што ја предизвикало несреќата.

„Истрагата моментално е во тек и не можеме да презентираме дополнителни информации за да не го загрозиме интегритетот на истражниот процес“, соопштија денеска властите.

Тие побараа од јавноста да се држат настрана од областа за иследниците да можат да ја завршат својата работа. Борбениот авион бил на автопилот кога пилотот се катапултирал, изјави портпаролот на базата Чарлстон за NBC News.

Би можело да ве интересира

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката

Кина возвраќа на американските царини со ограничување на увозот на холивудски филмови

Украински дрон уништи руски бомбардер со долг дострел Ту-22М3

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп