Студентите излегоа на протест против измените на Кривичниот Законик

Од:

Пред Владата на Република Северна Македонија денеска на протест излегоа студенти од државава кои се против донесените измени на Кривичниот законик, со кој се предвидуваат помали затворски казни за функционери.

– Бараме да се врати правото, да се почитува како што треба и да има правда, изјави студентот, Лазар Симонов.

Студентите бараат да се анулираат измените на Кривичниот законик кои беа донесени неодамна. Бараат, како што велат, правдата да ги стигне сите оние кои придонеле за огромната недоверба во правниот систем.

Според нив, на Македонија ѝ е потребна нова генерација правници.

– Чашата ја прелија новите брзи, нетранспарентни измени на Кривичниот законик. Затоа не можеме да бидеме тивки како студенти кои решиле да останат во Македонија и да се борат за правда во оваа држава, порачаа тие во најавата за протестот.

Бараат одговорност и порачуваат да не се злоупотребува европското знаменце.

– Доста е од злоупотреба на европското знаме, затоа бараме и сметаме дека е нужно некој конечно да одговара за ваквите фалсификувања. Доста е од користење и урнисување на правото и законите за лични, политички интереси! Бараме правдата да ги стигне сите оние кои допринеле до огромната недоверба во правниот систем, стои во најавата за протестот.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ најави уставен амандман за повратно дејство во случаи со застарени кривични постапки за функционери

Катерина Ѓуровски

Измените во Кривичниот законик негативно влијаат на справувањето со корпуцијата на високо ниво забележува ЕУ

Итно да се донесат измени и дополнувања на Кривичниот законик за да се ублажат штетните последици од донесените законски измени апелираат екпертите

Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Александар Тодески

Измените во Кривичниот законик го премислија адвокатот Наумовски: Повлечена иницијативата за помилувањата на Иванов

Александар Тодески

Еврокомесарот за правда изненаден од измените во Кривичниот законик: Намалувањето на казните и застарувањето ќе значи неосудување