ВИДЕО: Трет протест пред Влада по скандалот со Онкологија

Од:

Под мотото „Правда за жртвите“ почна третиот протест по скандалот на Онкологија. Граѓаните се собираат пред Влада, каде скандираат „убијци“, откако после половина месец од влегувањето на полицијата и обвинителството во Клиниката за онкологија, од каде беа земени компјутери, документи и медицинска евиденција на пациентите, се уште нема информации што е пронајдено и дали и колку осомничени има од клиниката.

Сомнежите на граѓаните се дека на Клиниката за онкологија воопшто нема евиденција за пациенти кои починале во домашни услови, а лековите наместо за пациентите завршиле на црниот пазар. Засега, обвинителството прифати тројца онколошки пациенти цело време да имаат увид во истрагата.

А освен дома, обвинителството докази ќе бара и во соседните земји. Последните информации од таму се дека ќе се бараат информации од Косово и Албанија за евентуални сознанија за илегална препродажба на онколошки лекови таму, а ќе се бараат и податоци за пациенти од соседните држави кои се лекувале со одредени терапии во Македонија.

Би можело да ве интересира

Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството денеска во Кривичен треба да продолжи случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

Одбраната на Васев и Нухи oбвинети во аферата „Онкологија 2“ тврдат дека се невини и дека случајот против нив е политички монтиран

Васев и Нухи обвинети во аферата „Онкологија“ постапувале во свој личен, но и во интерес на приватни компании, тврди Обвинителството

Во ќелијата на Васев се пронајдени мобилни телефони, тој тврди: „Кај мене не е пронајден и не е одземен мој телефон“

Горан Наумовски

Адвокатот на Васев од случајот „Онкологија“ вели: Повикувањето на вакви сведоци во постапката е нецелисходно

Во случајот „Онкологија“ сведочеше мајката на почината Начевска: Додека ги примаше хемотерапиите имаше навистина тешки состојби, буквално експлозија на организмот

Горан Наумовски