Војната на Русија против Украина нема да заврши наскоро, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју објавено денеска во германскиот магазин Ди Велт.
Столтенберг истакна дека сите членки на НАТО сакаат да постигнат мир што е можно побрзо, но дека Украина ќе престане да постои како земја ако престане да се бори.
– Мора да признаеме дека ако претседателот Зеленски и Украинците престанат да се борат, нивната земја повеќе нема да постои – рече Столтенберг.