Бројот на загинати во денешните напади на бунтовници во Ирак воглавно во шиитски населени места во централните и источни региони во таа држава, се искачи на 53, а ранети се повеќе до 120 луѓе.
Бранот насилства е најнов од кој е зафатен Ирак, е најголем од 2008 година.
Засега никој не ја презеде одговорноста за експлозиите на автомобили-бомби.
Најсмртоносните напади се случија во градо Хилах на околу 90 км. северно од Багдад каде во истовремени експлозии на четири автомобили-бомби загинаа 19 луѓе и 15 се повредени. Во тој град неколку минути по експлозиите на четирите автомобили-бомби одекна уште една бомба која усмрти шест цивили и рани 14.
Според податоци на ОН во Ирак во бомбашки напади од почетокот на април загинаа повеќе од 4.000 луѓе, од кои 804 во август.