Полициските службеници од СВР Велес вчера уапсиле 36-годишен маж од Демир Капија, откако сопругата го пријавила за физички напад, известуваат од Министерство за внатрешни работи.
– Вчера во 18.30 часот во Демир Капија од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода С.П.(36) од Демир Капија, затоа што, според пријавеното, околу 17 часот во семејниот дом во Демир Капија физички ја нападнал неговата сопруга, велат од МВР.
Оттаму информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.