Британскиот комичар, актер и ТВ-лице Расел Бренд е обвинет за силување, сексуален напад и емоционална злоупотреба помеѓу 2006 и 2013 година.
Четири жени го обвинија за сексуален напад, тврдејќи дека тие се случиле додека Бренд бил водител на BBC Radio 2, Channel 4, и додека тој бил актер во холивудски филмови.
Обвиненијата против него ги објавија Сандеј Тајмс и документарната програма на Канал 4.
Бренд ги отфрли овие наводи, наведувајќи дека сите сексуални односи што ги имал биле „секогаш консензуални“.
Други наводи изнесени како дел од истрагата вклучуваат наводно контролирачко, навредливо и предаторско однесување на Бренд.
Бренд објави видео на својот профил на X профил во кое ги негираше „сериозните криминални наводи“ за кои рече дека ќе бидат изнесени против него.
Во тоа видео тој обвинувањата ги нарече „прилично барокни напади“ и рече дека апсолутно не ги прифаќа сите „сериозни обвинувања“.
„Овие наводи се однесуваат на времето кога работев во мејнстрим, кога постојано бев во весници, кога бев во филмови и кога, како што имам напишано нашироко во моите книги, бев многу, многу промискуитетен. Во тој промискуитетен период, односите што ги имав беа апсолутно и секогаш консензуални“, рече Бренд.
Тој оцени дека бил „мета на координиран напад“ и дека ќе ја истражи работата бидејќи е „многу, многу сериозна“.
Расел Бренд ја започна својата кариера како стенд-ап комичар во раните 2000-ти, а неговиот јавен пробив дојде неколку години подоцна како водител на британскиот Голем брат.