Иран ја поздрави денеска одлуката на Сирија за членство во Конвенцијата за забрана на хемиско оружје барајќи и Израел да стане член на тој договор.
– Иран го поздравува присоединувањето на Сирија кон Конвенцијата за забрана на хемиско оружје, изјави портпаролка на иуранското МНР.
Според неа, вознемирува фактот што Израел не е дел од ниту една конвенција за оружје за масовно уништување во регионот на Блискиот исток.
– Бараме од Советот за безбедност на ОН и меѓународната заедница да преземат сериозни мерки за да се принуди тој режим (Израел) да биде дел од конвенцијата за забрана на хемиско оружје, изјави Марзиех Афгам.