Поради силниот ветер пожарот од Ореше се шири кон Долнени

Од:

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира за пожар којшто денеска попладне избувнал покрај железничката пруга кај местото Ореше, Општина Чашка, и којшто и покрај напорите за гаснење е сеуште критичен и доста активен, а поради засилениот ветер се шири кон повисоките делови на сртот кон Општина Долнени.

-Во 12:38 часот, во Центарот за управување со кризи, добиена е пријава за пожар на сува трева покрај железничката пруга кај м.в.Ореше, Општина Чашка. За кратко време, поради силен и променлив ветар, пожарот се прошири во дабовата и габеровата шума, помеѓу селата Ореше и Богомила. Поради пожарот, до околу 17:00 часот, во прекин беше и железничкиот сообраќај. На интервенција на пожарот излегоа ЈП Национални шуми – подружница „Бабуна“ – Велес, како и лица од месно население, соопштуваат од ЦУК.

Како што наведуваат од ЦУК, поради брзото ширење на пожарот и неможноста да се стави под контрола од силите кои интервенирале, во 14:36 часот, подигнати во воздух како воздушна подршка на силите кои го гаснат пожарот од земја се трите ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување и тие дејствувале два пати. Според известувањето од одговорното лице на терен, пожарот е сеуште критичен и доста активен, а поради засилениот ветер се шири кон повисоките делови на сртот кон Општина Долнени, посочуваат од Центарот за управување со кризи.

Би можело да ве интересира

Левица: Шумите изгореа, а власта го крати буџетот

По четири дена изгаснат е пожарот на планината Беласица

Пожарот на Беласица синоќа се приближил кон црквата во селото Смоларе

Локализиран е пожарот на планината Беласица

Пет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие

Еден активен пожар и еден под контрола од вчерашните 22 на отворено низ државава