Левица иницира кривичен прогон против заменик-министерот за труд Енвер Хусејн, поради лажирање официјален документ со ЕУ-знаменце во случајот „Бехтел и Енка“

Од:

Правниот сектор на политичката партија Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против актуелниот заменик-министер за труд и социјална политика – Енвер Хусејн за сторено кривично дело против службената должност „фалсификување службена исправа“ за кое е запретена затворска казна до пет години.

„Пријавениот се терети дека, намерно и со умисла, противуставно, противзаконски и противделовнички пуштил во собраниска процедура Предлог-закон за измена и дополнување на Законот за работните односи по скратена постапка, во чија коресподентна табела дал, и со свој потпис и службен печат, заверил лажна изјава за наводно усогласување на законските измени со ЕУ директиви и регулативи, иако знаел или морал да знае дека тие се со спротивна содржина од онаа која се предлага.

Имено, наместо европските максимални 48 часа неделно, тој предложил прекувремена работа од над 72 часа неделно – камуфлирајќи го ова како божемна хармонизација со „европска регулатива“, во брза постапка! На овој начин, тој со предумисла ги измамил и свесно ги донел во заблуда пратениците во Собранието на РМ, а придонел и во илегалното ограничување на пратеничкото право на збор на народните избраници – како на комисиите, така и на пленарната седница.

Очекуваме Основното јавно обвинителство Скопје, професионално да постапи и да го процесуира овој еклатантен случај на злоупотреба на европското знаменце во собраниска процедура, бидејќи по промената на власта неизбежно ќе има одговорност за раководителот на ОЈО Скопје – Гаврил Бубевски, како еден од најголемите владини апологети и заштитници на бездушниот криминал и корупцијата на носителите на јавни функции, кој со години ги чува во фиока сите предмети против владини функционери поднесени од Левица“, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Левица: Нова дивоградба во Чаир узурпира државно земјиште

А1он

Пратениците од Левица поднесоа интерпелација за претседателката на Комисијата за социјална политика Даути за законот за бранители

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчев: Нашиот левичарски нарав е таков – за сестра се умира

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

(ВИДЕО) Мециновиќ: Народот заслужува одговори – ДПМНЕ му сервира пцости и насилство