(ВИДЕО) Царината одзеде минибус во кој е откриен бункер за криење стока

Од:

Специјални бункери во вентилациониот систем на минибус со албански регистарски таблички направени со цел криење стока се откриени по контрола на возилото во кое се вршело вонреден превоз на патници на релација Тирана – Брисел. Притоа специјално направените бункери наменети за криење стока, во обид да се прикријат истите, биле покриени со тапацир, извести Царинската управа.

Случајот е откриен на влез на граничниот премин Табановце од страна на царински инспектори од мобилниот тим од Секторот за контрола и истраги, кои ја извршија контролата на минибусот.

„По поднесена пријава до надлежниот суд, истиот донесе одлука за одземање на возилото, а изречена е и глоба за возачот на возилото заради прекршување на член 263 став 7 и член 269 став 2 од Царинскиот закон. Ова е втор случај во една недела на заплена на возило специјално конструирано, адаптирано и прилагодено со цел криење стока“, велат од Царинската управа.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

Се бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Уапсен помошник директор во Царина – бараше мито од над 15.000 евра

А1он

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ