Полицијата во Нови Пазар уапси возач на Брза помош бидејќи пронашла три килограми марихуана во возилото, а според последните информации од истрагата полицијата имала дојава дека во тоа возило имало дрога. Возилото е запрено на патот меѓу Рашка и Нови Пазар, објавија српските медиуми.
„Полицијата доби дојава дека во тоа амбулантно возило има дрога. Организирана е акција, возачот на Брзата помош бил пресретнат на патот и се испоставило дека дојавата е точна. Приведениот е возач на Брзата помош кој цело време се смееше, а во еден момент замавна по случајни минувачи. Детално ќе биде сослушан за пронајдената марихуана“, велат извори од истрагата.
За настанот зборуваше и директорот на Здравствениот дом, Милисав Гаљак. Тој рече дека очекува надлежните институции да ја откријат вистината.
„Изненаден сум од оваа информација. Апелирам до надлежните да ја дознаат вистината и да санкционираат кој и да е инволвиран“, рече Гаљак.