Српските кошаркари наградени со по 25.000 евра за освоеното сребро на Мундобаскетот

Од:

Српската кошаркарска репрезентација и селекторот Светислав Пешиќ ќе добијат по 25.000 евра за освоен сребрен медал на Светското првенство на Филипините, Јапонија и Индонезија, соопштено е по денешната седница на Владата на Србија. Како што беше најавено, за сребрениот медал освоен во олимписката дисциплина, на сите кошаркари и нивниот тренер Светислав Пешиќ им беа доделени по 25.000 евра во противвредност на динари.

Српските кошаркари загубија во финалето на Светското првенство од Германија со 77:83.

Наградени беа и кошаркари кои го одбранија златото на европското првенство во кошарка три на три во Ерусалим.

Според одлуката на Владата, награда од 20.000 евра ќе добијат играчите Марко Бранковиќ, Немања Бараќ, Стефан Којиќ и Страхиња Стојачиќ, како и нивниот тренер Марко Ждеро.

Кошаркарите по петти пат по ред станаа европски шампиони откако во финалето ја совладаа Литванија со 22:20.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ѓоковиќ се расплака: Ретки се моментите кога некој останува без зборови, се тресам и не знам што да кажам

Горан Наумовски

Вучиќ: Секој играч поединечно ќе добие по 200.000 евра за златото од Париз

Горан Наумовски

Откриено зошто на Бориша Симаниќ му го отстранија бубрегот по ударот на мечот со Јужен Судан

Предраг Петровиќ

Германците ги победија Американците и закажаа финале со Србија

Горан Наумовски

Нов пораз за словенечките кошаркари, Литванија игра за петтото место на Мундобаскетот

Комплетирани полуфиналните парови на СП во кошарка