Стоилковски: Со 40 милиони евра, наместо за лиценци, за три години ќе изградеа нова клиничка болница

Од:

СДС и ДУИ даваат 40 милиони евра во три години за лиценци за администрација.Во 2020 година, рекордни 15 милиони евра, сега е срушен рекордот од 26 милиони долари, како аманет од Рашковски вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Пари на една фирма, фаворизирана од Драги Рашковски, сега од екипата на Димитар Ковачевски. 40 милиони евра за лиценци, додека системот КАТО на Онкологија е исклучен. 40 милиони евра за една фирма, додека луѓе умираа за Трикафта, а телефонски се собираат донации за лечење. 40 милиони евра за лиценци во истите три години додека нема учебници, 40 милиони евра за лиценци, а нема за плати, за пензии, за земјоделците. За споредба, со 40 милиони евра во три години можеше да се изгради цела нова клиничка болница. Лиценците на владата чинат повеќе од цела клиничка болница Штип, рече на прес конференција Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Од наводно неподмитливи до профитери, ова е вистинското лице на Апасиев и Левица

Катерина Ѓуровски

СДСМ: После толку многу манипулации со изјавите – на Мицкоски не може да му се верува

СДСМ: Одбиена листата на советници на ВМРО ДПМНЕ за Битола

Манасиевски: Очекуваме пратеникот Сашко Јанчев да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите