Погба позитивен на допинг

Од:

Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба беше позитивен на допинг тест.

Францускиот играч за врска по натпреварот против Удинезе бил подложен на контрола, по што му било утврдено покачено ниво на тестостерон, пренесува „Кориере дела сера“.

Она што е особено интересно е што Погба не настапи ниту на тој меч одигран на 20 август. Натпреварот го следеше од клупата за резерви.

И покрај тоа, тој беше меѓу оние чиј примерок беше проверен по случаен избор, по што беше утврден прекршокот. Сега е време да се провери уште еден примерок, за да се знае со сигурност дали поранешниот играч на Манчестер Јунајтед направил кривично дело.

Во меѓувреме оваа вест ја потврдија и други извори од Апенинскиот полуостров.

Погба оваа сезона одигра само два натпревари во Серија А и на нив запиша само 52 минути.

Би можело да ве интересира

Русите го викаат Погба – плата 1.500 евра

Предраг Петровиќ

Францускиот фудбалер Пол Погба суспендиран на четири години поради допинг

Пол Погба на чекор до четиригодишна суспензија

Погба: Рајола ја виде понудата од Јунајтед и ми кажа дека ниту неговиот пес не би потпишал

Погба: За друга цел ангажирав врач, а не за да му наштетам на Мбапе

Војна во семејството Погба – мајката против постариот син Матијас: Тој сака да го уценува Пол!