Вучиќ од Скопје: Србија останува доследна на своите искрени напори да создаде атмосфера на меѓусебна доверба

Од:

Се огласи претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, на својот Инстаграм профил пред средбата на лидерите на Процесот Брдо-Бриони во Скопје.

„Благодарен сум на претседателот на Република Словенија, на претседателот на Република Хрватска и на претседателот на Република Северна Македонија за топлото добредојде и за домаќинот на оваа важна средба, каде што со соговорници од регионот ќе разговарам за некои на клучните принципи на регионалната соработка, одржливиот развој, климатските промени, но и политиката за проширување на ЕУ, како стратешка точка на натамошните односи во рамките на европскиот континент.

Една од поважните теми ќе биде продолжувањето на сеопфатните политички, економски и социјални реформи, кои ќе ги задржат младите во овие области, што дополнително ќе обезбеди просперитет, стабилност и напредок на цела Европа. Србија, како и секогаш, останува доследна на своите искрени напори да создаде атмосфера на меѓусебна доверба, разбирање и почит, што го покажа преку бројни иницијативи кои отвораат големи можности за силна соработка меѓу земјите во регионот, во корист на сите кои живеат во Западен Балкан“, напиша претседателот Вучиќ на својот официјален Инстаграм профил.

Би можело да ве интересира

Фатон Азизи кандидат за шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

Изгоре автобус на ЈСП на Водно

Предраг Петровиќ

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Градски воз од 1 септември од Зелениково до Скопје

Предраг Петровиќ

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Пожарот во Националниот парк „Пелистер“ локализиран, противпожарни единици цела ноќ на терен