Албанците кои сакаат да патуваат за Филипини повеќе нема потреба да поседуваат виза за влез во оваа земја. Истото важи и за граѓаните на Филипини.
Како што објави онлајн изданието на весникот „Шекули“, двете земји спогодбата ја потпишале на деветти септември.
– Спогодбата предвидува и размена на повисоко ниво отворајќи им пат на политичката, економската и културната соработка меѓу двете земји, стои во соопштението на Министерството за надворешни работи на Филипини.