Уапсен лекарот на Путин, се обидел да побегне од Русија

Од:

Виктор Трухин (59), главниот лекар на рускиот претседател Владимир Путин, бил уапсен од Федералната служба за безбедност при „обид за бегство од земјата“.

Се верува дека Трухин ги познава сите медицински тајни на шефот на Кремљ.

Дејли мејл пишува дека Трухин, кој беше во првите редови на истражување и развој на вакцини, серуми и „бактериски препарати“ во Русија, исчезнал пред шест дена, кога бил отпуштен од Федералната агенција за медицинска биологија (ФМБА) под обвинение за извршил „проневера“. Се вели дека каналот Cheka-OGPU Telegram објавил дека агенти на контраразузнавачката служба на Путин го фатиле Трухин додека се обидувал да побегне во Белорусија.

Трухин 11 години беше директор на Истражувачкиот институт за вакцини и серуми од Санкт Петербург, родниот град на претседателот на Русија.

„Тој се обиде да ја напушти Руската Федерација и да замине во Белорусија, а беше уапсен од службеници на руската ФСБ, кои очигледно знаеле дека директорот планира да патува во странство“, се наведува во објавата на каналот Телеграм.

Во неa се вели дека против Трухин е покрената кривична постапка кога „стана јасно дека тој има намера да ја напушти Руската Федерација и дека може да каже многу интересни работи за руските вакцини и серуми“.

Според информациите од овој канал, кај Трухин бил пронајден никарагвански пасош.

Би можело да ве интересира

Путин: Раиси беше вистински пријател на Русија

Почна средбата меѓу Путин и Си во Пекинг, по што ќе следи дискусија со учество на делегации

Горан Наумовски

Путин за атентатот на Фицo: Ова монструозно злосторство нема оправдување

Горан Наумовски

Путин потпиша указ за состав на новата влада на Руската Федерација

Путин одлучи: Бортников е нов директор на Федералната служба за безбедност на Русија

Путин оди во посета на Кина