ВИДЕО: Четири жртви и над 50 повредени во тешката сообраќајна несреќа во Грција

Од:

Бројот на загинати во сообраќајната несреќа што рано утрово се случи во северниот дел на Грција, во близина на границата со Македонија се зголеми на четворица, откако на повредите им подлегна и четвртиот патник од автомобилот што се судри со автобусот од Србија, додека пак повредени се 53 српски туристи.

До несреќата дошло при директен судир на двокатниот автобус од Ниш што патувал кон Ставрос во Грција со патнички автомобил што се движел во спротивна насока.

Од ударот автобусот со околу 80 српски туристи излетал од патот, тројца од четворицата патници во автомобилот загиниле, додека пак подоцна и четвртиот, кој бил пренесен во болница им подлегнал на повредите.

Веројатно станува збор за грчки државјани.

По директниот судир налетало и второ возило со српски регистарски таблици кое удрило во првиот автомобил.

Во него биле мајка и дете, кои не се повредени

Од туристичкиот автобус, 49 патници се пренесени во три болници.

По сообраќајната несреќа што се случи кусо пред 7 часот утрово, автопатот од границата со Македонија е затворен за сообраќај и во двата правци, а возилата се пренасочуваа кон стариот пат.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика на Северна Македонија

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос