Рускиот тенисер Даниил Медведев го елиминира Карлос Алкараз во полуфиналето на УС Опен и во мечот за трофејот ќе игра против Новак Ѓоковиќ.
Шампионот од 2021 година победи со резултат 7:6 (3), 6:1, 3:6, 6:3, по речиси три и пол часа спектакуларен тенис.
Алкараз беше фаворит во овој дуел, поради неговата позиција на АТП листата, тоа што е актуелен шампион на Њујорк, но и поради тоа што сезонава во два наврати го збриша рускиот играч и тоа на Вимблдон и Индијан Велс.